Како да се изменат транспортните навики во Марибор: ве покануваме да го посетите циклусот на предавања

Катедрата за транспортно инженерство при факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор се стреми активно да соработува со општината Марибор во напорите да се постигне одржлива мобилност. Оваа тема секоја година се актуелизира за време на Европската недела на мобилност, насочена кон промовирање, имплементирање и унапредување на одржливоста на транспортните стандарди на локално ниво.    

Целта на кампањата на Европската недела на мобилноста е да се мотивираат жителите да размислуваат за новите можности за патување, кои што претставуваат алтернативи на патничките моторни возила. Забележано е дека најголемиот број на патувања до Марибор се остварени со патнички моторни возила, затоа се смета дека транспортот е еден од најголемите загадувачи на воздухот и е главниот виновник за густиот сообраќај во градот. Измената на навиките, кои што се поврзани со мобилноста, има исклучително значење за сите жители на градот, а посебно за идните поколенија.   

Со цел да се подигне свеста на младите луѓе за последиците и нивните решенија и алтернативните можности, кои што ги предлага градот, подготвен е курс со предавања на темата: „Како да се изменат транспортните навики во Марибор?“. Предавањата ќе се одржат во четврток на 19-ти септември 2019 година, од 10:00 до 13:30 часот, на факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор на следната адреса: Сметанова улица, број 17, Марибор. Влезот на предавањата е слободен. Регистрацијата на учесниците ќе се врши на денот на настанот, од 09:30 до 10:00 часот.

Извор: um.si, um.si