Како да се мотивирате за учење од дома: онлајн работилница

Факултетот за организациски науки на Универзитетот во Марибор ќе изведе бесплатна онлајн работилница за студенти со наслов: „Како да се мотивирате за учење од дома“. Онлајн работилницата ќе се одржи во среда 22 април 2020, од 10 до 11.30.

Организатори: Кариерни центар на Универзитетот во Марибор во соработка со Факултетот за организациски науки на Универзитетот во Марибор.

Содржина: кои потреби нè мотивираат и како; важноста на целите за мотивираноста и како си ги поставуваме; мотивација и самомотивација за учење од дома; како стресот нè препречува и како да се соочиме со него.

Пријавата е можна сѐ до 22 април 2020. Број на места: 30.

Извор: fov.um.si