Како Македонците и државјаните од Западен Балкан студираат бесплатно во Словенија?

Многу идни студенти и нивните родители од регионот на Западен Балкан кои се заинтерсирани за студирање во Словенија, се прашуваат како е можно високото образование во Словенија за нив да е целосно бесплатно? Фирмата 2ТМ им дава одговор на ова прашање.

Бесплатно високо образование за граѓаните од државите на Западен Балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора) во Словенија е можно, врз основа на билатералните договори кои Република Словенија ги има потпишано со секоја од наведените држави поединечно.

Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија објави дека билатералните договори важат до зачленувањето на овие земји во ЕУ. Овие договори ги опфаќаат додипломските и магистерските програми.

Тоа значи дека, доколку идниот студент од Македонија се одлучи да се запише оваа или следната година на некој од словенечките факултети или високи школи, сите одредби од договорот за бесплатно студирање ќе важат до крајот на неговото школување.

За сите дополнителни прашања 2ТМ ви стои на располагање studiraj@2tm.si.