Како се хранат студентите?

Словенија им ја субвенционира исхраната на сите студенти со валиден статус (редовни, вонредни и на тие кои користат апсолвентски стаж), како и на студентите на високите стручни школи и на високошколските заводи. Статусот се докажува со студентска картичка, индекс, потврда за уписот и со личен документ.

Graphics: © 2TM d.o.o.

Субвенционирањето функционира преку системот на студентски бонови.

Моменталниот износ на  субвенцијата е 2,63 евра. Тоа значи дека за ручек кој чини 5 евра, вие ја плаќате само разликата од 2,37 евра. 

Секој студент месечно располага со онолку субвенции колку што има работни денови во месецот. Неискористените субвенции се пренесуваат напред и мора да се искористат во рок од два месеца. Во текот на еден ден (24ч.) студентот може да искористи две субвенции, а временската разлика меѓу нив мора да биде четири саати.

Субвенциите можат да се користат во текот на целата година секој ден измеѓу 8ч. и 20ч., освен во периодот меѓу 15-ти јули и 15-ти август.

Најважна работа во системот на студентски бонови е што студентите не се ограничени само на студентски мензи. Со студентските бонови тие можат да јадат во некои од најдобрите ресторани во Словенија по исклучително ниски цени. Во овој систем покрај рестораните, вклучени се и веригите на брза храна во случај студентите да немаат време и да мораат да јадат нешто на брзина.

Цените на намирниците се малку поголеми од тие во регионот, но секако значително пониски од поголемиот број на земји на западна Европа.