Кнедли од компир со овошје

Кнедлите од компир со овошје се едно од најпопуларните словачки јадења. Од овошјата може да се користат вишни, јагоди, кајсии, сливи, боровници.

Photo: Кнедли од компир со овошје/unsplash/NordWood Themes

Состојки

За тестото:

  1. 400 грама брашно, полу-тврдо,
  2. 4-5 компири, варени со лушпата.
  3. половина лажичка сол
  4. 1 јајце,
  5. 80 грама лебни трошки,
  6. 80 грама шеќер во прав,
  7. 50 грама мелени ореви,
  8. 120 грама загреан путер.

Овошје:

  1. Јагоди, вишни, кајсии, сливи (во зависност од сезоната).

Подготовка:

Сварете ги компирите заедно со лушпите. Откако ќе се оладат, излупете ги и изрендајте ги на ситната страна од рендето. Замесете потврдо тесто од сите состојки: брашно, јајца, компири и сол. Пред истото да омекне исецкајте го на коцки, во секоја коцка ставете овошје и обликувајте ја во форма на топка. Ставете ги топките во зовриена вода со малку сол и варете околу 7 минути, се додека на испливаат на површината. Извадете ги од водата, но не ги плакнете. Премачкајте ги кнедлите со стопениот путер и обложете/попрскајте ги со смеса по избор – крем сирeње со шеќер, мелени афионови зрнца со шеќер, мелени јаткасти плодови со шеќер или пак пропржени лебни трошки.

Постапка за подготовка на облогата од лебни трошки:

  1. Пропржете ги лебните трошки на суво тавче додека не ја променат бојата. Додадете шеќер во прав и по желба сецкани или мелени јаткасти плодови.

Извор: slovakia.travel