Колеџот Academia Maribor ќе земе учество на „Европската недела на професионални вештини“

Од 14-ти до 18-ти октомври 2019 година Европската комисија ја организира 4-та Европска недела на професионални вештини, посветена на распространувањето на информациите за значењето на професионалното образование и подготовка. Главната парола на проектот е „Откриј го својот талент“. „Европската недела на професионалните вештини“ ги мотивира младите и возрасните да се запознаат со можностите за професионално образование и подготовка во Република Словенија. Проектот го промовира образованието, кое што придонесува за зголемување на стандардите, отворањето на нови работни места и подобрувањето на степенот на вработување.

Во рамките на проектот „Европска недела на професионални вештини“ студентите од колеџот Academia Maribor ве покануваат да ги слушнете воведните предавања на шест различни студиски програми и да се запознаете со професионалното образование, кое што го нуди Academia Maribor. Предавањата ќе се одржат од 14-ти до 16-ти октомври 2019 година во просториите на колеџот Academia Maribor.

Распоред на работа:

  1. 14-ти октомври 2019 година, 16:00 часот „Програмата „Медијапродукција“: вовед во теоријата на медијапродукцијата“.
  2. 15-ти октомври 2019 година, 16:00 часот „Програмата „Економист“: бизнис-логистика“.
  3. 15-ти октомври 2019 година, 16:00 часот „Програмата „Градежништво“: инженерска геодезија“.
  4. 15-ти октомври 2019 година, 16:00 часот „Програмата „Економист“: основи на сметководствените пресметки“.
  5. 16-ти октомври 2019 година, 16:00 часот „Програмата „Безбедност“: тактика за лична безбедност“
  6. 16-ти октомври 2019 година, 16:00 часот „Програмата „Информатика“: компјутерски науки и информатика“.

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: matej.tisaj@academia.si, или јавете се на следниот телефонски број: +38622283535 (Матеј Тисај)

Извор: academia.si