Колеџот за професионално образование Академија Марибор организираше воведни денови за студентите од прва година

Во средината на октомври 2019 година Колеџот за професионално образование Академија Марибор за студентите од прва година организираше воведни студиски денови, на кои што имаше ден на запознавање, подготвителни курсеви за компјутерски науки, математика и странски јазик, а исто така и бесплатен семинар за студиските навики.

Во текот на воведниот ден раководството на Колеџот, неговите вработени, дипломци и работодавачи им раскажаа на студентите за текот на студискиот процес и раскажаа за своето работно искуство, ги поканија да земат учество во проектите на Академијата Марибор, професионалните екскурзии и во меѓународната програма Erasmus+, а исто така им дадоа совети за планирање на идната кариера.

Извор: academia.si