Колеџот за стручно образование од Велење беше посетен од страна на студенти и професори од Австрија

Во петокот на 11-ти октомври 2019 година, Колеџот за стручно образование од Велење го посетија студенти и професори од Универзитетот за применети науки FH Joanneum (Грац, Австрија). Со оваа образовна установа Колеџот за стручно образование од Велење порано успешно соработувал во рамките на проектот Erasmus+: CWIC – Cooperative and Work Integrated Curriculum, пред се посветен на организирање и спроведување на практика за студентите во компаниите.

Во текот на посетата на Колеџот од Велење австриските гости заедно со студентите од втора година од програмата „Електроника“ земаа учество во лабораториското работење, а исто така го посетија и Музејот за јаглена индустрија.  

Двете страни изразија желба за понатамошен развој на соработката, посебно во областа на практичното образование.

Извор: vss.scv.si