Колеџот за стручно образование В2 во рамките на програмата Erasmus+ го посетија партнерите од Црна Гора

На крајот на ноември 2019 година во рамките на програмата Erasmus+ Колеџот за стручно образование В2 ги прими партнерите од Црна Гора – професорите од Факултетот за бизнис, економија и право од Бар.

Гостите одржаа низа на предавања за студентите од Колеџот В2, дискутирајќи го процесот за стратешки менаџмент на организациите, неговото водење, мисијата и целите. Исто така се разгледуваше соработката на високиот менаџерски кадар, коишто носат стратешки решенија (сопственици, генерални директори, совет на директори). Како што потенцираа во Колеџот за стручно образовани В2, во текот на предавањето студентите се стекнаа со ново меѓународно искуство.

Извор: facebook.com