Комерцијалниот директор на Колеџот Academia Maribor е награден за посебни достигнувања во областа на средното стручно образование

Во рамките на Деветата конференција којашто се одржува секоја година „Квалитетот на образованието во колеџите за стручно образование Здружение на колеџи за стручно образование на Република Словенија“, којашто се одржа на 21 ноември 2019 година во Блед, на комерцијалниот директор на Колеџот за стручно образование Academia Maribor Жан Дапчевич му беше доделено признание за посебни достигнувања во областа на меѓународната соработка и размена на искуство од областа на средното стручно образование.

Да напоменеме дека, порано Жан Дапчевич специјално за компанијата 2ТМ даде опширно интервју, во коешто детално раскажа за дејноста на Колеџот за стручното образование на Academia Maribor и за успешното долгогодишно искуство во подготовката на специјалисти коишто се барани на пазарот за трудот.

Извор: academia.si