Компаниите-работодавачи ве покануваат на „Денот на отворени врати на словенечката економија“

Во четврток, на 28-ми ноември 2019 година, 112 словенечки компании, во кои што има отворено 4070 работни места, ќе земат учество во акцијата „Ден на отворени врати на словенечката економија“. Целна група  на оваа акција се младите и сите, кои што сакаат да ја започнат или изменат својата кариера.

Во рамките на акцијата заинтересираните лица ќе можат да ја посетат канцеларијата на компанијата, да поразговараат со вработените и да го видат работењето одвнатре и да дознаат некои работи од прва рака. „Денот на отворени врати“ ќе им овозможи на барателите на работа да се запознаат со интересни и перспективни професии на лице место и да се одлучат што би сакале.  

Акцијата започнува од 16:30 до 20:00 часот. Бројот на места е ограничен. Задолжителната регистрација за учество на настанот е отворена до 27-ми ноември 2019 година.

Подетално за настанот Регистрација за учество на настанот

Извори: odkrijsvojtalent.si, gea-college.si