Компанијата 2TM на Високата школа за хотелиерство и туризам во Блед

Во понеделник, на 09-ти декември, тимот од компанијата 2ТМ ја посети Високата школа за туризам и хотелиерство во Блед. Се запознаа со специфичностите на студиските програми и предностите на школата. Ги разгледаа и нивните простории (салите за предавање, библиотеката, просториите за состаноци и така натаму).

 

Photo: © 2TM d.o.o.

Високата школа за хотелиерство и туризам во Блед е единствена школа во Република Словенија која ги има програмите Хотелиерство и туризам и Здравствен туризам. Акцентот се става на практичното знаење, поради што секоја година ги изведуваат студентите на стручен теренски излет. Со оглед на тоа дека школата е мала сите се познаваат меѓусебно, и како резултат на тоа студентите не се само броеви. Вработувањето на дипломците од Високата школа за хотелиерство и туризам од Блед е многу добро така што станува збор за исклучително перспективни студии коишто нудат многу можности и ја отвораат вратата кон светот.