Компанијата 2TM во посета на Високо стручната школа за козметика и велнес Љубљана

Во четвртокот на 19-ти септември 2019 година вработените од компанијата 2ТМ ја посетија Високо стручната школа за козметика и велнес Љубљана (VSŠKV), која што ја основала Glotta Nova, Centar za nova znanja, d.o.o. Ljubljana.

Photo: © 2TM d.o.o.

Алеш Стембергер, директорот на Високо стручната школа за козметика и велнес Љубљана и Марко Дотзауер, референт, ја претставија програмата за Козметика и Велнес и предностите од образование во овие области, што нас не воодушеви. Истите истакнаа дека посебно се гордеат со своите две веб страни: VSSKVlep.si и VSSKVfit.si. Исто така се пофалија дека се координатори на Светскиот ден на велнес и дека секоја година организираат меѓународен велнес конгрес.

Високо стручната школа за козметика и велнес, која за три години ќе заживее во нови простории, зазема водечко место по бројот на студенти кои се запишале на програмата за козметика и велнес, а нивните дипломирани студенти се многу барани на пазарот на трудот.