Компанијата Panasonic го отвори својот прв образовен центар во Република Словенија

Во четвртокот на 13 јуни 2019 година, јапонската компанија Panasonic го отвори својот прв образовен центар во Република Словенија. Во церемонијата на отворањето на центарот земаа учество министерот за економски развој и технологија Здравко Почивалшек, амбасадорот на Јапонија Машару Јошида, градоначалникот на општината Хоче Сливница Марк Соршак, претставници од компанијата Panasonic, словенечки и странски инвеститори на комерцијални објекти, станбени објекти, хотели и државни институции.

Образовниот центар со површина од 85 2м, кој е лоциран во индустриската зона на општината Хоче Сливница, ќе им овозможи на младите монтери, сервисери, инвеститори и дизајнери да посетуваат обуки. Во центарот се изложени најновите разработки на компанијата Panasonic од областа на климатизацијата и топлински пумпи. Според зборовите на Здравко Почивалшек, овој центар ќе овозможи поврзување на системот за образование и бизнисот, ќе обучува висококвалификувани кадри и ќе стане основа за повисока додадена вредност и разработка на технологии.

Да напоменеме дека повеќе од 50 вакви центри на компанијата Panasonic функционираат во другите земји од светот, вклучувајќи ги и Германија, Франција, Хрватска, Унгарија и Чешка. Што се однесува до Република Словенија, во иднина тука се планира отворање на уште еден ваков центар во Љубљана.

Да додадеме дека во текот на посетата во Република Словенија јапонската страна исто така потпиша писмо за соработка со Средното училиште за компјутерски науки и Техничко образовниот центар (Марибор) со цел да воспостави односи помеѓу економијата и образовниот систем.

Компанијата Panasonic е една од водечките компании од областа на разработката на разни електронски технологии, компании кои што работат во сферата на градбата на станбени објекти, автомобилската индустрија и В2В, со повеќе од 100 годишно искуство во продажбата на своите производи во 120 земји во светот. Во сферата на греење и ладење на воздухот (климатизација) компанијата Panasonic работи од 1958 година. Во октомври 2018 година во чешкиот град Плзењ компанијата отвори производство на воздушно-водни топлински пумпи, со чија помош имаше намера да даде свој удел во европската тенденција во изработката на системи за климатизација на воздухот со користење на обновливи извори на енергија.

Извор: siol.net