Конференција на словенечките сметководители, ревизори и даночни советници од светот и Словенија

Во организација на Светскиот словенечки конгрес, Економскиот факултет од Љубљана, Словенечкиот институт за ревизија и Комората на даночните советници од Словенија, ќе се одржи Првата Конференција на словенечките сметководители, ревизори и даночни советници. Почесен покровител на настанот е претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Настанот ќе се одржи на 29 и 30 ноември 2018г. во просторите на Економскиот Факултет во Љубљана. Меѓународната конференција ги поврзува и ги здружува словенечките експерти од светот и словенечките експерти од дома, кои ќе  разменат различни искуства и знаења. 

Повеќе информации за програмата овде.

Учеството за студентите и професорите од Економскиот Факултет при УЉ и за членовите на Светскиот словенечки конгрес е бесплатно. За пријава за конференцијата кликнете овде.

За повеќе информации:+386 1 24 28 550, info@slokongres.com

Извор: efnet.si