„Крка“ ги враќа вработените на работа, за постепено преминување на редовниот обем на производство

Управата на Крка донесе одлука, во периодот од 14 април 2020г. до 3 мај 2020г. да ги повика на работа останатите вработени во сите организациски оддели, така што покрај итното производство, ќе почне да работи и на други процеси, кои се значајни за премин на редовниот обем и начин на работа.

Согласно правилата на Службата за безбедност и здравје на деловното место, државните органи и институции, вработените во Крка ќе мораат да ги почитуваат сите мерки за заштита во услови на епидемија (употреба на заштитни средства, почитување на меѓусебна раздалеченост во канцелариите, забрана на дружење и останати превентивни мерки). За почитување на правилата одговорни се раководителите и сите вработени, а прекршителите ќе бидат санкционирани.

Доколку повиканиот вработен за време на државните мерки не може да оди на работа (на пр. поради чување на деца, бременост, ризични здравствени состојби, затворени државни граници и сл.), на тие вработени ќе им се смета отсутност. Директорите можат да предложат продолжување на статусот „на чекање“ за вработените, доколку моменталните состојби не дозволуваат изведба на одредени процеси.

Управата на Крка донесе одредба на вработените да им исплати регрес за 2020 година во висина од 1806еу бруто. Висината на регресот е еднаква со 100% износ на последната објавена просечна бруто плата во Словенија во јануари 2020 година. Исплатениот нето износ ќе биде еднаков со висината на бруто регресот.

Извор: Билтен 12, Крка