Љубљана е прогласена за најдобар град во Европа во сферата на смарт решенијата во туризмот

Во рамките на проектот „Европска престолнина на смарт туризмот“ Љубљана е удостоена со престижната награда како најдобар европски град во областа на дигиталните решенија. Група на независни експерти ги проучила претставените производи и проекти на престолнината на Република Словенија од областа на одржливиот развој, достапноста на услугите, дигитализацијата, зачувувањето на културното наследство и креативност. Експертската комисија ја прогласила Љубљана за најдобра во областа на дигитализацијата.

На овој конкурс учествуваа 35 градови од 17 земји членки на Европската унија. Љубљана се покажа во најдобро светло, претставувајќи ја апликацијата Tap water за локации на извори на вода низ градот, мобилна апликација за транспорт Wheelchair, проектот за електричен автомобил Avant2Go, мобилните апликации Nexto и Urbana, а исто така и смарт проектите во рамките на BTC City.

Вреди да се напомене, дека во Љубљана секоја година се одржуваат повеќе од 14,000 културни настани и за време на нивното одржување се става акцент на културните, спортските, гастрономските и туристичките достигнувања на градот.

Проектот „Европска престолнина на смарт туризмот“ е иницијатива на Европската комисија, насочена кон повишување на авторитетот на Европа како туристичка дестинација и создавање на платформа за размена на напередни искуства од областа на туризмот помеѓу европските градови. Проектот го определува „смарт“ туристичкиот град како град, кој што го користи својот територијален, социјален и човечки капитал за развој на туристичкиот сектор, подобрување на квалитетот на живот; предлага збогатено прилагодено искуство во туризмот, избалансирано оценувајќи ги локалните ресурси и истовремено, почитувајќи ги и соработувајќи со локалните општини, а исто така обезбедувајќи пристап до туристичските услуги и производи со користење на нови технологии.

Извор: ljubljana.si