Магистерската програма „Туризам“ на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана се вбројува помеѓу најдобрите во светот

Магистерската програма „Туризам“, која што ја има на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана, е препознаена како една од најдобрите во светот. Директор на магистерската програма е професор доктор Тања Михалич во соработка со професор доктор Љубица Кнежевич Цвелбар и доцент доктор Киро Кушар, на рејтингот ARWU (Шангај) се вбројува во ТОП-100, а на рејтингот Eduniversal – го зазема 10-то место во светот.

Наведената програма им овозможува на студентите детално запознавање со туристичкиот бизнис, менаџмент, маркетинг, развојот на туризмот и неговото значење. Информациите на студентите им ги пренесуваат успешни професори, дополнувајќи ја теоријата со практични примери. Посебно внимание се посветува на познавањето и вештините на водењето бизнис, заснован на вредностите и стандардите на одржливиот и одговорен развој. Истовремено студентите можат да го користат меѓународниот формат и со дел од информациите да се стекнуваат обучувајќи се надвор од земјата.

Покрај програмата „Туризам“, на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана исто така е отворена програмата EMTM – The Erasmus Mundus European Master in Tourism Management, која што се предава на три факултети во три земји од светот.  

Извор: efnet.si