Магистрандите од Факултетот за туризам при Универзитетот во Марибор учествуваат во проект за развој на туризмот во Хрватска

Магистрандите на програмата Туризам од Факултетот за туризам при Универзитетот во Марибор подготвија визија и план за туристичкиот развој на местата од општината Чабар во Горски Котар, Хрватска. Тие соработуваат на проект, кој го подготвија Министерството за земјоделство, шумарство и исхрана на Република Словенија и Канцеларијата на Владата на Република Словенија за Словенците во соседните држави и во светот.

Целта на проектот е да се мотивираат жителите на општината кон развој на одговорен и траен туризам, заради што студентите со своите идеи придонесоа во истражувањата. Нивната работа започна во октомври 2018 година, кога за првпат го посетија Горски Котар, каде што на дводневните теренски вежби ги разгледаа локалните знаменитости, ја пробаа домашната кујна и поразговараа со срдечните домаќини.

По анализата и подготовката на плановите, повторно отидоа во Презид и на 18 јануари 2019 година своите идеи им ги претставија на домаќините и на претставниците на локалната заедница, на Министерството и на Канцеларијата. Настанот продолжи со презентација на концептот за паметни села, каде што како главен говорник настапи европскиот пратеник Франц Богович.

Студентите своите трудови во врска со проектот ќе ги објават во зборник, а ќе издадат и книга.

Извор: ft.um.si