Маистровата библиотека прогласена за културен споменик од државно значење

Владата на Република Словенија ја прогласи Маистровата библиотека, која се наоѓа во Универзитетската библиотека Марибор, за културен споменик од државно значење. Со оваа постапка, Владата го препозна посебното значење и книжевното наследство на генералот Рудолф Маистер, кое претставува важен извор за да се сфатат историските процеси, појави и нивната поврзаност со сегашната култура. Исто така, тоа беше направено и за спомен за исклучителната личност на Рудолф Маистер.

Маистровата библиотека е дел од посебните збирки Единици за проучување на татковината при Универзитетската библиотека Марибор. Во октомври 1998 година семејството на генералот Маистер, застапувано од неговиот внук Борут Маистер, на библиотеката ѝ ги подари книгите на генералот. Збирката содржи 5945 библиотечни единици.

Универзитетската библиотека Марибор како централна библиотека на Универзитетот во Марибор и како заштитничка на културното наследство на словенечкиот народ и држава, на научното наследство на Марибор и на поширокиот регион, и како библиотека поврзана со науката за проучување на татковината, обезбедува соодветно катче за „една од најголемите и најубави посебни библиотеки во Словенија“ и со гордост им ја покажува на посетителите.

Повеќе информации за Маистровата библиотека

Интернет-врска: um.si