Меѓународна летна школа на Правниот факултет на Универзитет во Марибор

Правниот факултет на Универзитет во Марибор организира меѓународно летно училиште со наслов New technologies in legal professions and sustainable development помеѓу 21 јуни и 4 јули. За пријавување се поканети студенти од сите степени и програми кои се заинтересирани за регулаторната улога на правото во денешниот виртуелен и дигитализиран свет во однос на трајниот развој. Летната школа ќе се одржи на англиски и германски јазик. Повеќе информации и образец за пријавување може да се најдат на: pf.um.si