Меѓународниот астрономски сојуз ги поканува сите заинтересирани да изберат име на ѕвезда и екзопланета

Меѓународниот астрономски сојуз по повод својата 100 годишнина организира меѓународна акција „Да именуваме планета“. Секоја земја учесник во акцијата, тука вклучувајќи ја и Република Словенија, ќе даде име на ѕвезда и екзопланета (планета која што се наоѓа надвор од Сончевиот систем).

Конкретно на Република Словенија и е предложено да избере име на екзопланетата WASP-38 b, која што се наоѓа на растојание од 446 светлосни години од Сончевиот систем, и нејзината мајка ѕвезда HD 146389 со видлива големина од 9,4. Тие се наоѓаат во соѕвездието Геркула.

Задачата на словенечкото здружение се состои во тоа што до ноември 2019 година треба да изберат популарни имиња. Предлозите од сите заинтересирани се примаат до средината на октомври 2019 година преку онлајн формуларот на сајтот: portalvvesolje.si.

Должината на имињата (пожелно – со еден збор) – од 4 до 16 букви на латиница. Во името не треба да има бројки, симболи и букви со дополнителни знаци. Името не треба да се совпаѓа со веќе постоечките имиња на небесни тела и не треба да биде навредливо. Екзопланетата и ѕвездата не треба да се именуваат во чест на живи луѓе или луѓе кои што починале пред помалку од сто години. Користењето на имиња на политички, воени, религиозни организации, компании, домашни животни, и слично не е дозволено.  

Подетално

Извор: dnevnik.si