Меѓународното здружение на бизнис школи повторно ја продолжи акредитацијата на факултетот за економија при универзитетот од Љубљана

Авторитетното меѓународно здружение на бизнис школи AACSB (The Association to Advance Collegiate Schools of Business) повторно му ја продолжи акредитацијата на факултетот за економија при универзитетот од Љубљана за пет години.

Во експертската комисија AACSB, којашто ги оценува стандардите за квалитет на факултетот, се најдоа професори и декани на образовните установи, специалисти од областа на интернационализацијата и обезбедувањето на квалитет: професор доктор Стеф ван де Велде (Rotterdam School of Management; претседател), професор доктор Тануја Сингх (St. Mary’s University, Greehey School of Business) и Стефан Ти (Bournemouth University Business School).

Акредитацијата AACSB е основана на посветеноста на високиот квалитет и постојаниот напредок во бизнис образованието. Таа се определува со високи и сеопфатни критериуми во областа на стратешкото управување со образовните установи, функционирањето и учеството на сите заинтересирани страни, содржината на образованието и методите на обука со земање предвид на високите стандарди на работењето на научниците.

Во својот извештај експертите од експертската комисија забележаа, дека факултетот за економија при универзитетот од Љубљана се наоѓа помеѓу најдобрите образовни установи од регионот од аспект на квалитетот на образованието, поседува три престижни меѓународни акредитации (AACSB, EQUIS и AMBA), и активно учествува во работата на меѓународните здруженија на бизнис школи, тука вклучувајќи ја и ACE.

Извор: efnet.si