Министерот за економија на Црна Гора: во годините од 2015 до 2018 целокупниот показател за трговската рамена со Република Словенија се зголемил за три пати

Заедничкиот показател за трговската размена помеѓу Црна Гора и Република Словенија според податоците од 2018 година достигнал 85,07 милиони евра, што е за три пати повеќе отколку во 2015 година. Приливот на директни странски инвестиции од страна на словенечките компании во Црна Гора според податоците од 2018 година изнесува 13,08 милиони евра. Ова го кажа министерот за економија на Црна Гора, Драгица Секулич, за време на меѓународниот саем 52.MOS, соопшти црногорската информативна агенција Mina.

Стопанската комора на Црна Гора повикувајќи се на Драгица Секулич забележува дека саемот MOS е потврда за долгогодишната успешна соработка помеѓу Црна Гора и Република Словенија, пред се, на деловен план. Црна Гора веќе една година е земја партнер на овој настан, кој што секоја година собира повеќе од 1500 изложувачи од повеќе од 30 земји од светот и привлекува повеќе од 100 илјади посетители.

Да напоменеме дека од моментот на осамостојувањето на Црна Гора, словенечките компании ја гледаат неа како погодно место за ширење на претприемачката дејност. Покрај капиталот тие носат позитивно деловно искуство, ноу–хау, и европска практика на водење на бизнисот. Долгорочната соработка на Република Словенија со Црна Гора се остварува со помош на барање на партнери за црногорските компании, поднесување на барање за учество во проектите на фондовите на Европската унија, развој на црногорските компании, одржување на меѓународно билатерални деловни средби, а исто така и размена на информации и искуство во областа на интернационализацијата.   

Извор: mina.news