Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија оддели повеќе од 3 милиони евра за развој на спортската инфраструктура

Министерството за образование, наука и спорт на Репулика Словенија оддели 3 205 000 евра за инвестиции во спортската инфраструктура во 2019 година. Овој  конкурс беше објавен на 22 март 2019 година.

Конкурсот се состои од три блока. За кофинансирање на инвестиции во монтирање на осветлување на отворените спортски објекти можат да поднесат барање општините, во чија сопственост се наоѓаат наведените објекти.

Да учествуваат во кофинансирање на инвестицијата во изградба на нови спортски објекти можат општините – инвеститори, кои што се наоѓаат на парцела на која може да се гради.  

За кофинансирање за модернизација на олимпијските спортски центри можат да понесат барање националните огрански спортски федерации, во кои што се наоѓаат соодветни тренинг бази.

Конкурсот се одржува во рамките на Националната програма за развој на спортот за 2014-2023 година.

Извор: mizs.gov.si