Министерството за образование, науки и спорт одделува 8 милиони евра за поддршка на младите научници

Министерството за образование, наука и спорт одделува 8 милиони евра за поддршка на 47 проекти на младите научници – доктори на науки. За финансирањето на секој проект државата оддели 171 илјада евра.

На конкурсот «Поддршка за научниците на почетокот на кариерата 2.1», кој што беше објавен во јули минатата година, пристигнаа 85 пријави. Комисијата за кофинансирање избра 47 пријави со вкупна вредност од малку повеќе од 8 милиони евра. 28 од избраните проекти го претставуваат статистичкиот регион во источна Словенија, а 19 проекти од статистичкиот регион во западна Словенија.

Целта на конкурсот се состои во тоа да се воспостави врска помеѓу науката и бизнисот, помош за младите научници во почетокот на нивната академска кариера и стимулирање на приватното вложување на капитал во истражување, развој и иновации, потенцираа во министерството за образование, наука и спорт.

Посебно внимание ќе биде посветено на невработените истражувачи и научници, кои што имаат препораки од надвор од границите на Словенија, и кои што со цел да го реализираат проектот ќе дојдат во Словенија. Со своите знаења и искуства тие ќе извршат значително влијание врз дејноста на  научните организации во областа на истражувањето, развојот и иновациите, а исто така и со создавање на нови знаења и нивно користење во текот на научно – истражувачките настани.

Извор: delo.si