Младите словенечки математичари освоија три медали на Меѓународната олимпијада во Велика Британија

На 22-ри јули 2019 година во Великa Bританиja заврши 60-ta Меѓународна олимпијада по математика. Во неа земаа учество 6 словенечки ученици.

Освојувајќи 2 сребрени медали, 1 бронзен медал и 3 пофалници, тие во заедничкото тимско рангирање го заземаа 44-то место. Ова го соопшти Здружението на математичари, физичари и астрономи во Република Словенија.

Сребрени медали освоија Марко Чмрлец (Гимназија Бежиград) и Лука Хорјак (Прва гимназија Цеље), бронзен медал – Ловро Дрофеник (Прва гимназија Цеље). Покрај тоа, признанија од олимпијадата добија Теа Еличич (Конзерваториум за музика и балет, Љубљана), Јака Врховник (Прва гимназија Цеље) и Тевж Лотрич (Гимназија Крањ).

Извори: dnevnik.si, gimb.org