Процедури за селење со цел стекнување со образование во Чешката Република

Процедури за селење со цел стекнување со образование во Чешката Република

Споед правилата на Чешката Република, странските студенти од чешките високообразовни институции мораат да се стекнат со дозовла за проголжен престој со цел студирање. Дозволата за престој ќе биде издадена на една година и може постојано да биде продолжувана.

Сопственикот на студентската дозвола за престој ги има следните права:

  • Право на престој во Чешката Република во временската рамка за која што е издадена дозволата за престој.
  • Слободно движење во границите на Шенген зоната.
  • Студентите можат да работат на определено време.
  • Попусти на билетите за патувања, ограничени цена на оброците, студентски попусти за музеи, кино и така натаму.
  • Право на учество во интернационалните програми за размена на студенти.

Каде да се пополнат документите и да се добие студентска дозвола за престој?

Апликацијата мора да биде пополнета во најблискиот Чешки конзулат, во татковината на студентот, или во најблиската земја каде што има конзуларно претставништво на Чешката Република, доколку нема конзулат во земјата од каде што доаѓа студентот.

Можете да аплицирате за добивање на дозвола за продолжен престој во Министерството за внатрежни работи на територијата на Чешката Република под следните услови:

a. Ако имате виза за продолжен престој (за повеќе од 90 дена) за било каква прична, освен виза за продолжен престој со цел сезонска работа или дополнителна работа.
б. Ако имате виза за продолжен престој за друга цел издадена на територијата на Чешката Република.
в. Ако имате дозвола за продолжен престој издадена за студии од страна на друга земја членка на Европската Унија.

Дали може да работам за време на студиите?

Да, можете да работите до дваесет часа неделно ако се запишете на акредитирана програма на образовните институции. Вашата работа не треба да се меша со вашите студии.
Ако сте студент од трета земја не ви треба дозола за вработување.Работодавачот треба да го извести јавниот сервис за вработување кога ќе започнете да работите.

Дали ќе може да работам по завршувањето на студиите?

По успешното завршување на студиите можете да аплицирате за работна дозвола:
1. Можете да аплицирате за работна дозовла во секое време, дури и за време на студиите.
2. Ако ги завршите студиите и сеуште имате важечка виза или дозвола за престој, можете да аплицирате за „виза за барач на работа“ која што ќе ви обезбеди дополнителни девет месеци по завршувањето на студиите да најдете работа или да започнете свој бизнис. Апликантите треба да бидат вклучени во акредитирана приограма, не јазичен курс.

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х