Му благодариме на Требиње и Мостар!

Вработените од компанијата 2TM од Љубљана на 06-ти и 07-ми февруари беа во Мостар и Требиње во Босна и Херцеговина, каде што на учениците од завршните години во средните училишта и на студентите им ги претставија предностите од студирањето во Република Словенија и им одговараа на нивните прашања за роковите и процедурите за запишување, изборот на студиска програма и на општи прашања за студентскиот живот во Република Словенија.

Photo: © 2TM d.o.o.

Студентите во Требиње најмногу беа заинтересирани за економија на англиски јазик, право, графичко инженерство, IT технологии. Се распрашуваа за трошоците за живот во Република Словенија и за студирање на англиски јазик.

Студентите од Мостар најмногу се израдуваат на студиите по економија, информатика, микробиологија, здравствени науки, руски и англиски јазик, како и на архитектура. Голем број од студентите беа заинтересирани за мастер програмите.

Им благодариме на сите, коишто не посетија во Требиње и Мостар!