Му се заблагодаруваме на Нови Сад!

Компанијата 2TM и оваа година се претстави на саемот за образование „Патокази“, којшто се одржа на 04-ти и 05-ти март 2020 година во Нови Сад во Република Србија. На овој меѓународен саем, којшто собра околу петстотини домашни и странски образовни установи, идните студенти добија „насоки“ за изборот на својот професионален пат.

Photo: © 2TM d.o.o.

Тимот од компанијата 2TM за време на патувањето посети и разни средни училишта и имаше неколку презентации.

Претставниците од компанијата 2TM ги информираа заинтересираните средношколци и нивните родители за начинот на студирање во Република Словенија и предностите од стекнувањето со меѓународно призната диплома со европски квалитет. Дознаа се за изборот на студиските програми на словенечките универзитети, роковите за запишување, документите потребни за пријавување и условите за запишување на некои студиски програми. Исто така одговараа на прашањата за студентскиот живот во Република Словенија (престој, изучување на словенечки јазик, предностите од студирање во Република Словенија, плаќањето на испитите, трошоците, студентската работа).

Идните студенти најмногу беа заинтересирани за следните студиски програми: англиски јазик, преведување, туризам, IT технологии, менаџмент, електротехника, хемија, психологија, маркетинг, педагогија, економија, машинство, физикална терапија, општествени науки, дизајн, геологија, физика, математика.

Ви благодариме на сите, коишто одвоивте време и не посетивте во Нови Сад!