На 25-ти јуни Република Словенија го празнува Денот на државноста

Секоја година на 25-ти јуни Република Словенија го одбележува денот на својата државност и 28-та годишнина од својата независност. Ова е еден од најважните празници во земјата и официјално е прогласен за неработен ден.

Photo: @natanaelginting

На овој ден низ цела Република Словенија се одржуваат традиционална празнувања, културни и спортски настани, тематски изложби па дури и специјализирани часови за пожарникари. Истовремено се одржуваат и последните часови во училиштата.

Централен настан на овој ден е церемонијата на празнување на денот на државноста на плоштадот Конгресни трг во Љубљана. Почесен говорник е претседателот на земјата. Словенечкиот претседател се обраќа кон народот со говор во кој што им се заблагодарува, одбележувајќи ја важноста од добивањето на независноста.

Компанијата 2ТМ им го честита денот на државноста на сите. Ви посакуваме благосостојба, просперитет и слога!

Извори: sta.sizgodovina.siprazniki.pisarna386.com