На 27-ми септември во неколку градови во Република Словенија ќе се одржи „Европска ноќ на истражувачите 2019“

На 27-ми септември 2019 година во Марибор, Љутомер, Брежице, Копар и Изола ќе се одржи традиционалниот настан кој што се одржува секоја година „Европска ноќ на истражувачите“. Главна цел на настанот е популаризација на професијата истражувач, научник и приближувањето на истата до широката публика, посебно до младите.

Преку низа на настани „Европската ноќ на истражувачи“ од година во година ја зголемува свеста за општествената значајност на научниците, науката и нејзиното влијание во сите сфери на човечката дејност. Во исто време овој проект ја запознава широката публика со низа на европски и национални програми на финансирање и други настани, кои што се посветени на почетокот и развојот на кариерата на истражувачот, научната работа, опремата и привлечните услови за работа.

Во Република Словенија настанот го организира конзорциумот „Безбедно со наука“, претставен од универзитетот од Марибор, Приморскиот универзитет и Гимназијата Франц Миклошич Љутомер.

Во рамките на Европската Унија во контекст на настанот се реализираат 55 проекти. Вкупно „Европската ноќ на истражувачи“ ќе се одржи во 371 град во Европа. Да забележиме дека во 2018 година во овој настан земале учество повеќе од 1,5 милијон луѓе.

Подетално за настанот

Извор: um.si