На Alma Mater Europaea беа избрани нови студенти-тутори и нивно раководство за 2019/2020 академска година

Во текот на првата заедничка средба во вторникот на 15-ти октомври 2019 година, студентите-тутори од Alma Mater Europaea избраа ново раководство. Тие изразија благодарност за успешната работа на претходниот раководител на туторите Насте Челан, а за нов раководител го избраа докторот на науки од докторската програма „Физикална терапија“ Алена Капела. За заменик е избрана студентката од програмата „Социјална геронтологија“ Моника Слапник. За генерален секретар на туторите назначена е студентката Матеја Козиц од програмата „Физикална терапија“.

Традицијата за туторство на Alma Mater Europaea трае повеќе години. Студентите тутори ги мотивираат, тука се да ислушаат, да ги консултираат, да им помагаат и да ги насочуваат колегите студенти. Подетално за институтот за туторство во образовните установи на Република Словенија можете да прочитате тука.

Тутори и претставници на магистерските програми

Извори: almamater.si, sl-si.facebook.com