На Alma Mater Europaea бруцошите започнаа со предавања

Повеќе од 1000 студенти на Alma Mater Europaea ја започнаа новата академска година. Тука вклучувајќи ги и студентите од неодамна отворените студиски програми „Интернет-технологии и информациски технологии“ (бакалавриат) и „Архивско работење“ (докторски студии). Предавањата се одржуваат во Марибор, Љубљана, Копар и Мурска Собота.

Првиот ден на Alma Mater Europaea традиционално беше посветен на бруцошите. По завршувањето на свечениот дел, имаше групно фотографирање, по што се одржаа воведните предавања на сите студиски програми.

Извор: almamater.si