На Alma Mater Europaea ќе се одржи „воведен ден“ за студентите од прва година

Пред почетокот на новата академска година, во понеделник на 30-ти септември 2019 година, во 16:00 часот на Alma Mater Europaea ќе се одржи воведен ден. Целта на настанот е да се поедностави процесот на студирање за студентите и професорите.  

Пред присутните ќе земе збор претседателот на Alma Mater Europaea професор доктор Лудвик Топлак, генералниот секретар и други вработени од Alma Mater Europaea. Тие ќе го презентираат распоредот на работа во новата академска година и ќе им ги покажат на новопечените студенти просториите каде што ќе се одвива наставата. На крајот од настанот присутните бруцошите и сите останати присутни ги очекува богата културна програма.  

Извор: sl-si.facebook.com