На Alma Mater Europaea се одржа работен состанок за дигиталните стратегии на Република Словенија

Во петокот на 06-ти септември 2019 година, на Alma Mater Europaea во Марибор во рамките на Форумот на дигиталното здружение се одржа работен состанок за дигиталната стратегија на Република Словенија. Во текот на настанот беа претставени стратегии и идеи на учесниците на форумот „На патот кон поодговорна и поамбициозна политика на дигиталните здруженија во Република Словенија“, а исто така беше актуелизирана темата за унапредување на дигиталните навики во реализација и развој на наведената стратегија.

На состанокот земаа учество началникот на информатичкиот оддел АО Telekom Slovenije Матјаж Маџарац, директорот на компанијата Agenda d.o.o. магистер Андреј Коситер; раководителот на програмата за Веб-технологии и информатички технологии на Alma Mater Europaea доктор Матеј Мертик; директорот на Институтот Digitas и долгогодишниот претседател на републичкиот Совет за електронски комуникации доктор Душан Цаф.

Форумот за дигиталните здруженија е невладина и независна платформа, која што ги обединува истражувачите, претприемачите, политичарите, лидерите и луѓето со авторитет за решавање на проблемите во дигиталната средина. Тој ги обединува новите концепти, воспоставува дијалог со цел усовршување на политиката и законодавството, се стреми кон позитивни социјални, економски и политички измени, а исто така и за подобро управување и носење на одлуки на сите нивоа.   

Alma Mater Europaea активно соработува со организациите и компаниите од областа на развојот на дигиталните технологии и веб-технологиите на локално и регионално ниво во рамките на новата студиска програма за дигитални веб-технологии и информатички технологии.

Извор: almamater.si