На Alma Mater Europaea за студентите од прва година се одржа Академски форум за физикална терапија

Во вторникот, на 01-ви октомври 2019 година, на првиот ден од академската година на Alma Mater Europaea се одржа Академски форум за студентите од првата година, кој што беше посветен на прашањата поврзани со физикална терапија. Модератор на форумот беше раководителот на туторите на Alma Mater Europaea и докторат на специјалноста „Физикална терапија“ магистер Ален Капел.

Во рамките на форумот се одржа округла маса, на која што земаа учество дипломците од Alma Mater Europaea Ајда Колманчич, Матиц Фрас, магистер Сара Жумер, магистер Естер Фабиани и магистер Ален Капел. Тие им ја претставија на студентите професијата физиотерапевт преку призмата на пет различни дисциплини.  

Извор: almamater.si