На Денот на ректорот на универзитетот во Марибор се врачија скоро 60 признаници и награди

Во понеделникот, на 27-ми јануари 2020 година, на универзитетот во Марибор се врачија признаници и награди на тие, коишто со својот труд, со необични достигнувања, победи и заслуги придонеле за подобрување на имиџот и развојот на универзитетот.

На церемонијата беа врачени 59 признаници и награди – за научно-истражувачка дејност, работа в сферата на уметноста и образованието, признаница за соработка со економијата и прнесувањето на знаење, за професионално работење, а исто така специјални признанија од универзитетот, коишто во знак на благодарност за соработка им се врачуваат на организации и здруженија.

Покрај тоа, по предлог на факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика докторот по филозофија доцент Понутурај Н. Сугантан (Школа за електротехника и електроника, Технолошки универзитет, Нанјанг, Сингапур) беше удостоен со звањето „Почесен доктор на науки“ – за посебни достигнувања, придонес во развојот и дејноста на универзитетот од Марибор и зголемување на неговата репутација.

На студентите од универзитетот од Марибор со цел да се охрабрат да постигнуваат висока успешност и работа во сферата на науката и уметноста им беа врачени награди од ректорот и награди и признанија од Перлах.

Извор: um.si