На деветстотини илјади активни вработени во Република Словенија има скоро сто илјади странци – Службата за вработување

Бројот на дозволи за работа издаден на странски државјани, во последните години двојно се зголеми. За периодот од јануари до октомври 2019 година на странските специјалисти им било издадени 35.900 дозволи за работа, а во целата 2018 година биле издадени 38.983, известува Службата за вработување.

Во периодот од јануари до октомври 2019 година биле издадени 13.853 дозволи за работа на државјани на Босна и Херцеговина, 9.963 дозволи за работа на државјани на Република Србија, 7.277 на граѓаните од Косово и Метохија, 2,369 дозволи за работа на државјани на Република Северна Македонија, 583 на државјани од Русија, 475 на државјани од Украина, 367 на државјани од Кина, 166 дозволи за работа на државјани од Црна Гора. Во октомври 2019 година во Република Словенија барале работа 6.862 странци. Во целина, според официјални податоци, на деветстотини илјадни активни вработени во Република Словенија има скоро сто илјади странци.

Во последниот месец работодавачите отворија 11.815 работни места. Повеќе од петстотини работни места за хигиеничари, работници од хоспиталити индустријата, превозници, работници за обработувачката индустрија, повеќе од триста работни места за продавачи, келнери и готвачи.

Најдобри перспективи на пазарот за трудот овозможува познавањето на словенечкиот јазик. Се забележува дека парламентот на Република Словенија во блиска иднина ќе разгледа предлог закон за измени во законот за регулирање на пазарот на трудот, којшто помеѓу другото ќе значи и воведување на построги правила за странските баратели на работа во делот на познавање на словенечкиот јазик. Во случај на усвојување на измените на законот од моментот на пријавување во Службата за вработување странскиот државјанин ќе има дванаесет месеци за да го научи словенечкиот јазик (основно ниво). Трошоците за одржување посетување на јазичниот курс и за полагањето на испитот ќе ги покрие Службата за вработување. Во случај на неисполнување на наведеното барање странските баратели на работа ќе бидат исклучени од официјалниот регистер на невработени лица.

Извор: delo.si