На дипломираните студенти од универзитетот во Нова Горица им беа врачени дипломите

Во средата, на 04-ти декември, и четврток, 05-ти декември 2019 година, во куќата на Лантјери во Випава се одржа церемонија за доделување на дипломите на 27 дипломци од додипломските и магистерските програми и на девет дипломци од докторските програми.

Дипломите ги врачи ректорот на универзитетот од Нова Горица професор доктор Данило Завртаник. „Никогаш не заборавајте го универзитетот од Нова Горица. Вие сте амбасадори за квалитет на нашиот универзитет, помогнете му на универзитетот и на идните студенти. Гордете се со универзитетот, како што денес ние и вашите родители се гордееме со вас“, им кажа тој во поздравниот говор на студентите.

Да додадеме, дека вкупниот број на дипломци од универзитетот во Нова Горица денес изнесува 1566 лица.

Извор: facebook.com