На дипломците од факултетот за применети социјални истражувања од универзитетот во Нова Горица свечено им беа доделени дипломите и признаниците

Во средата на 7-ми јуни 2019 година, во општината Нова Горица се одржа свечена церемонија за врачување на дипломите за дипломците од факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот во Нова Горица.

Во текот на церемонијата исто така беа врачени и 12 признаници: 6 на вработените од факултетот и 6 на студентите кои што се автори на најдобрите дипломски работи, напишани во периодот од јуни 2016 година до мај 2019 година. Наградите се доделуваат за посебни успеси, достигнувања и заслуги во научно-истражувачката, педагошката и професионалната дејност, кои што придонесуваат за општиот развој на факултетот. На студентите им се врачуваат признаници за најдобри дипломски работи и важни научно-истражувачки достигнувања.

Па така признанието за најдобра дипломска работа на студиската програма „Психосоцијална помош“, напишана во 2015/2016 студиска година го доби Олга Амброжич. Признанието за најдобра дипломска работа на студиската програма „Применети социјални истражувања“, напишана во 2017/2018 студиска година го доби Арнела Карат. Признанието за најдобра магистерска работа на магистерската програма „Меѓукултурен менаџмент“, напишана во 2017/2018 студиска година го доби Ева Чернигој. Признанието за најдобра магистерска работа на магистерската програма „Меѓукултурен менаџмент“, напишана во 2016/2017 студиска година го доби Маја Брешан. Признанието за најдобра докторска дисертација на докторската програма „Социологија“, напишана во 2017/2018 студиска година го доби доктор Петра Клејндист. Признанието за најдобра докторска дисертација на докторската програма „Социологија“, напишана во 2018/2019 студиска година, го доби доктор Уришка Фриц.

Признанието за научно-истражувачка и педагошка работа го доби професор доктор Метеја Рек, признанието за педагошка работа го доби доцент доктор Тјаша Степишник Пердих, признание за научно-истражувачка работа – доцент доктор Теа Голоб. Со признанија за посебен придонес во зголемувањето на квалитетот на професионалната работа на факултетот се удостоени вработената во деканатот Натали Вук Бирса, шефот на одделот за финансии и сметководство на факултетот Дивна Владимир, првиот секретар на факултетот Клара Ремец.

Извори: fuds.si, fuds.si