На економскиот факултет при универзитет во Љубљана се одржа Десетата округла маса за менеџмент со учество на видни претставници од бизнис секторот

Во декември 2019 година во рамките на Десетата округла маса за менеџмент „Тенденции на раководството, мотивација и организација во епохата на иновативноста“ економскиот факултет при универзитетот во Љубљана го посетија директорот на BOC Institute магистер Симона Шпилак и менеџерот за развој на бизнис компанијата Geneplanet магистер Марко Калин. Округлата маса се одржа во рамките на предметот „Основи на менеџмент“ (предавачи: професор доктор Владо Димовски, професор доктор Сандра Пенгер и доцент доктор Јудита Петерлин).

Во текот на настанот Марко Калин им ја претстави на студентите од факултетот компанијата Geneplanet. Симона Шпилак, извршен директор со повеќе од 20-години искуство во меѓународниот маркетинг и продажба, којашто била на разни високи стручни и управувачки должности во меѓународната средина, им раскажа на студентите за развојот на својата кариера – од раководител на интернационална компанија до основач и директор на сопствена компанија. Симона Шпилак со ентузиазам и позитивна харизма го сподели своето искуство, давајќи им на студентите мотивирачки препораки за развој на управувачките знаења и вештини.

Извор: efnet.si