На економскиот факултет при универзитетот во Љубљана ќе се одржи дводневен семинар за инструментите на контролингот

На 17-ти и 18-ти октомври 2019 година на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана ќе се одржи дводневен семинар на темата: „Современите инструменти за контрола“. Во текот на семинарот ќе бидат разгледани клучните економски, комерцијални и финански концепти, кои што се основа за значајната работа на контролерите.

Семинарот сам по себе претставува збир од предавања, презентации на теоретски и практични аспекти од актуелната тема, одговори на праша и презентација на напредните искуства на Република Словенија и другите земји. Преку практични примери ќе биде презентирана можноста за употреба на различни инструменти, тука вклучувајќи го и системот за избалансирани показатели (BSC), концептот за економски профит и неговите деривати (EVA), бенчмаркинг, распределување и планирање на расходите врз основа на дејноста (ABC, ABB, ABM), модел за целни трошоци, различни пристапи кон финансиското планирање и така натаму.

Семинарот е наменет за раководителите и специјалистите од областа на контролингот, кои што сакаат да се стекнат со теоретски и практични знаења од областа на примената на разни современи инструменти за контролинг.

Извор: efnet.si