На економскиот факултет при универзитетот во Љубљана се одржа Европска конференција за проблемите со енергетиката во наредната декада

Од 25-ти до 28-ми август 2019 година на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана се одржа Европската конференција за проблемите со енергетиката во наредната декада во која што учествуваа 32 експерти и кои што претседателствуваа на 8 пленарни седници. Научниците ги претставија своите достигнувања на 49 пленарни секции. На отворањето на конференцијата пред учесниците зема збор министерот за инфраструктура, магистер Аленка Братушек.

Учесниците на конференцијата ја дискутираа иднината на пазарот за електрична енергија, обновливите извори на енергија и можноста за вклучување на активните потрошувачи на пазарот. На конференцијата исто така стана збор за важноста од интелектуалните енергетски решенија, флексибилноста и интеграцијата на енергетските сектори. Наведените теми беа претставени од проект-директорот од конзорциумот WindNODE, Германија, Маркус Гребиг.

Исто така на конференцијата се разговараше иднината на природниот гас, т.е. за гасната инфраструктура во Европа, улогата на гасот од шкрилци и геополитичките прашања во гасниот сектор, вклучувајќи ги тука и односите со Руската Федерација. Покрај тоа во текот на настанот стана збор и за интелектуалните технологии и технологиите за чување на енергија, а исто така и за улогата на вештачката интелигенција, големите податоци и блокчејн технологиите во енергетиката. Значајно внимание беше посветено на енергетските и климатските аспекти, целните инвестиции за пренос на енергија, а исто така и за економските и климатските аспекти на електрификацијата на транспортот.

Извор: efnet.si