На економскиот факултет при универзитетот во Љубљана се одржа Летна школа за дигитални технологии

Во петокот на 12-ти јули 2019 година, на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана заврши двонеделната Летна школа Digital Transformation for Resilient Cities (Дигитална трансформација за одржливи градови).

Одржувањето на Летната школа беше во целост финансирано од компанијата EIT Digital. Коорганизатори на летната школа за дигитални технологии беа Европскиот институт за иновации и претприемништво и економскиот факултет при универзитетот во Љубљана. Во работењето на школата земаа учество 33 студенти од магистерските програми од 15 земји од светот.

Во текот на Летната школа студентите решаваа практични задачи, поставени од 7 организации од Љубљана, Крањ и Венеција. На пример, надминувањето на последиците од земјотрес во Љубљана или начини за намалување на социјалната напрегнатост во градот, предизвикана од масовниот наплив на туристи (како на пример во Венеција). Со таа цел сите студенти отпатуваа во Венеција на три дена, каде што со локалните организации и заинтересираните лица со помош на нови методи разработуваа можни решенија на проблемите.

Во рамките на работата на Летната школа студентите се обучуваа како да ги анализираат работните процеси, дејноста на организацијата, ги дискутираа можностите за импелементација на нови методи на работа, нови организациски и технолошки решенија во дејноста на организацијата, кои што се одговорни за надминување на последиците од вонредни состојби. Студентите ја изучуваа спецификата на влијанието на напредните технологии врз информатичките, транспортните услуги и услугите од областа на безбедноста во современите градови, новите форми на децентрализирана комуникација и координација на сите учесници во процесот на надминување на последиците од природните катастрофи.

Извор: efnet.si