На економскиот факултет при универзитетот во Љубљана се одржа предавање за стратегија за интернет маркетинг

Во јуни 2019 година на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана во рамките на предметот „Маркетинг во малиот бизнис“ (предавач – доцент доктор Матеја Бодлај) се одржа предавање на специјалистот за стратегии за интенет маркетинг од веб агенцијата Spletnik Блаж Регин.

На презентацијата на темата „Маркетиншки  комуникации во малиот бизнис“ поканетиот специјалист со практични примери им покажа и им објасни на студентите, на што денес треба да посветат внимание малите претпријатија во текот на маркетиншката комуникација, какви фактори на ризик има и какви извори на можности има за ефикасна оптимизација на маркетингот, без разлика на се поконкурентната средина.

Студентите со интерес ја проследија презентацијата и му зададоа низа прашања на гостинот. Стекнатите знаења понатаму беа искористени во подготовките за испитот по овој предмет.

Извор: efnet.si