На економскиот факултет при универзитетот во Љубљана се одржа третиот тематски настан Innovative All-nighter

Во мај 2019 година на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана се одржа третиот тематски настан Innovative All-nighter на кој што земаа учество 250 студенти. Настанот го организираше здружението Top EF под раководство на Маша Мадон и Аина Рељич.

Во текот на настанот, учесниците се натпреваруваа во 65 групи и бараа решенија за 7 компании кои се водечки работодавачи во Република Словенија: BTC, Gorenje, Pivovarna Laško Union, Medex, Mercator, Telemach и Petrol. Во текот на 24 часа студентите требаше да исполнат задача за избраната компанија и да ја претстават иновациска, креативна и финансиско остварлива идеја која што тие би можеле да ја реализираат во иднина. Во текот на ноќта, студентите бараа решение, а следниот ден го претставија сработеното на претставниците од компаниите.

Според зборовите на деканот од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана професор доктор Меткич Текавич, ваквите настани укажуваат на тоа дека компаниите го гледаат факултетот како свој одговорен и сериозен партнер, а студентите од овој факултет ги гледаат како автори на идеи, кои што се перспективни за целата земја.

Извор: efnet.si