На економскиот факултет при универзитетот во Љубљана започна со школување деветата генерација на слушатели од програмата Ljubljana MBA

Во средата, на 22-ри јануари 2020 година, на економскиот факултет при универзитетот од Љубљана се одржа средба со деветата генерација од програмата MBA. Скоро половина од новата генерација, се претставници од разни земји од светот, управители од словенечките и странските компании.

Пред присутните зема збор деканот на факултетот за економија професор доктор Метка Текавчич, којашто им се заблагодари на слушателите за укажаната доверба и за тоа што го избрале економскиот факултет како место каде што ќе се надоградуваат професионално, а којшто веќе неколку години се наоѓа помеѓу трите најдобри факултети со ваква студиска програма во Централна и Источна Европа.

За правилниот избор на студентите на квалитетната студиска програма и изборот на престижниот факултет исто така обрна внимание директорот на програмата MBA, професор доктор Андреја Цирман. Овој факултет е единствен во регионот, коишто во својот арсенал има три акредитации за напредно искуство. Тоа му дава право да се смета за еден од најдобрите бизнис школи во светот, а исто така се наоѓа на рејтинг листата на списанието Financial Times, коешто веќе втора година по ред го вклучува факултетот во листата на деведесет и петте најдобри бизнис школи во Европа.

Извор: efnet.si