На Економскиот факултетот при Универзитетот во Љубљана се одржа предавање на државниот секретар од Министерството за економски развој и технологии

Во понеделникот, 11 февруари 2019 година, на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана визитинг-предавање одржа државниот секретар на Министерството за економски развој и технологии Ева Штраус Подлогар.

Пред студентите од програмата EMTM (Erasmus Mundus, магистер по менаџмент во сферата на туризмот), кои претставуваат 24 земји од светот, во рамките на предметот „Економијата на околината во туризмот“ (Environmental economics in tourism; наставник: проф. д-р Тања Михалиќ), предавачот зборуваше за одржливиот развој на словенечката туристичка гранка со акцент на улогата на „зелениот“ туризам.

По завршувањето на предавањето се одржа дискусија на тема за економската, еколошката и социјално-економската одржливост на словенечкиот туризам.

Извор: efnet.si