На Европскиот правен факултет на Новиот универзитет ќе се одржи визитинг предавање на професорот Роберт Волтерс од Мелбурн

Во понеделни, на 09-ти декември 2019 година, на Европскиот правен факултет на Новиот универзитет во Љубљана во рамките на предметот „Компаративно право и основни правни системи“, којшто се предава на магистранти, ќе одржи предавање професор Роберт Волтерс (Victoria University, Мелбурн, Австралија). Тој на присутните ќе им одржи предавање по компаративно право за заштитата на личните податоци и ќе им раскаже за комисијата на Обединетите нации за правото на меѓународната трговија (UNCITRAL).

Предавањето ќе се одржи на англиски јазик. Претходна регистрација не е потребна. Влезот е слободен.

Извор: epf.nova-uni.si